Силно невреме попладнево го зафати прилепскиот регион.
Невремето беше проследено со поројни врнежи од дожд и град.
Прогноза на УХМР: Променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Ќе дува засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 22 степена.