Страотни сцени од местото на трагедијата: Со 300 км/ч удри директно во камион, возачот загина

Возач на автомобил удрил во камион со брзина од 300 километри на час на 83-от километар од автопатот М12 во областа Орехово-Зуевски во Москва, ноќта на 25 септември.

Пожарникарите имале потешкотии да го извадат она што останало од Audi RS5 од под камионот.

Според информации, починатиот е претприемач од Татарстан. Повеќепати бил казнуван поради пребрзо возење.

Кобната грешка, очигледно, била што младиот човек гледал во брзиномерот сакајќи да ја види „бројката“ од 300 km/h.

Возачот, роден 1999 година, починал на лице место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде