„Неговиот спомен засекогаш ќе го негуваат неговата сопруга, децата, внуците…“ – почина легендарниот актер

Актерот Џон Ештон, ѕвездата на „Полицаецот од Беверли Хилс“, починал на 76-годишна возраст по битка со ракот, пишува Page Six.

– Џон зад себе остава љубов и посветеност и служење. Неговиот спомен засекогаш ќе го негуваат неговата сопруга, децата, внуците, како и неговиот брат, сестрите, неговото пошироко семејство и сите кои го сакаа.

Влијанието на Џон врз светот ќе се памети и слави со генерациите што доаѓаат – се вели во изјавата на претставникот на актерот.

Ештон ја остави сопругата Робин Хоје и двете деца, Мишел Ештон и Мајкл Томас Ештон.

Тој сними преку 200 филмови за време на неговата 50-годишна кариера во Холивуд, а ширум светот е познат по улогата на наредникот Џон Тагарт во полицаецот од Беверли Хилс во 1984 година со Еди Марфи. Ештон неодамна ја повтори истата улога во продолжението на споменатиот филм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде