ТРАГЕДИЈА КАКВА ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ: Најмалку 25 лица загинаа – се запали училишен автобус во предградие на Бангкок

Училишен автобус со ученици и наставници се запали во предградие на главниот град Бангкок. Учениците заминале на екскурзија, а се стравува дека загинале околу 25 луѓе, додека 16 се хоспитализирани, соопшти Владата.

Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјави за новинарите дека се верува дека загинале 25 лица, без да даде детали.

Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот се уште се истражува.

На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад се излева од автобусот, чии делови сè уште гореле. Пожарот подоцна бил изгаснат.

Премиерот Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците отишле на екскурзија.

„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде