Дете се удавило во базенот во еден од познатите апартмани на Златибор во Србија, објави српскиот портал Информер.
Според првичните информации, во базенот во моментот на несреќата немало никој освен момчето, чијашто возраст засега не се открива.
Несреќното момче било придружувано од жена, чија врска со него не е позната, пишува српскиот портал.
Според информациите, на детето му била укажана помош, но било предоцна за тоа да се спаси.