На 01.10.2024 во 12.05 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле
контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од лице(63).
При контролата било утврдено дека тахографот од возилото не е баждарен, односно е истечен од јануари 2024 година.
За настанот бил известен дежурен инспектор од Државен инспекторат за транспорт, кој излегол на местото и на возачот му изрекол глоба во висина од 3.900 евра.