НАЈНОВА ВЕСТ: Очевидци ја откриваат причината за трагедијата кај Прилеп – неофицијално автомобилот претекнувал и дошло до директен судир

Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска загинаа во кобната сообраќајна нереќа што се случи во раните утрински часови на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Уште едно лице е повредено. Во несреќата учествувале автомобил и товарно возило кое превезувало лесно запаливи материи кои се запалалиле од силината на ударот и предизвикале пожар на двете возила.

Неофицијално, репортерот на телевизија Телма од лице место пред малку јави дека според првичните информации од очевидци тука, до несреќата дошло кога автомобилот возејќи од Прилеп кон Битола претекнувал по што директно се судрил со камионот кој што доаѓал од правец на Битола, но точните причини ќе ги знаеме по завршувањето на истрагата. (видео прилогот е најдоле во веста).

Автомобилот Тојота со кој патувале загинатите управуван од Василевски директно се судрил со камионот Волво кој возел од спротивната страна. Возачот на камионот е повреден.

„Тројца патници кои биле во автомобилот го загубија животот. Од силината на ударот изгореле автомобилот и товарното возило. Најверојатно несреќата од оваа сообраќајна несреќа е несоодветната брзина за условите на патот. Како медицински тим констатиравме смрт на три лица и едно повредено лице. Возачот на камионот со телесни повреди итно е пренесен во Општа болница Прилеп“, рече Боше Милошеки, шеф на брза помош.

Противпожарната единица интервенирала со 5 возила и 12 пожарникари. Материјалот што го превезувал камионот, според првите информации бил сунѓер, кој тешко се гаси.

„Во 7 часот и 45 минути утринава пријавено е дека на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово гори камион. Ова беше првичниот извештај кога стигнавме на местото на настанот, видовме дека не само што гори камионот, туку и едно возило, а видовме дека имало и сообраќајна несреќа во која има жртви. Се чека јавен обвинител за да го изврши вештачењето и да го утврди точниот број на загинати лица. Го обезбедуваме просторот, протекоа бензин и дизел, тоа е хибриден автомобил со литиумска батерија, се надеваме дека нема да има експлозија“, изјави Виктор Стојчески, заменик командир на противпожарна единица.

Се уште не се познати официјалните причини за несреќата, додека јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на загинатите. Наредено е сообраќајни и технички вештачење за утврдување на причините. Медицинските лица работеле во приватната болница Плодност и биле познати како врвни професионалци.

Неофицијално, репортерот на телевизија Телма од лице место пред малку јави дека според првичните информации од очевидци тука, до несреќата дошло кога автомобилот возејќи од Прилеп кон Битола претекнувал по што директно се судрил со камионот кој што доаѓал од правец на Битола, но точните причини ќе ги знаеме по завршувањето на истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде