Трагична вест ја потресе Македонија: Шест годишно дете почина на фудбалски тренинг

Трагедија ја потресе Македонија откако малолетно дете почина на тренинг.

Најпрво му се слошило па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот.

Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде