Професорката Јованов: Скандалот со шемата Конти покажува неколку работи

Фејсбук пост на професорката Тамара Јованов:

Скандалот со шемата Конти покажува неколку работи:

1. Финансиската писменост е ниска.

2. Трката по материјалното е остра.

3. Сиромаштијата бара решение и често не бира средства.

4. Луѓето се склони кон неразумен ризик и лесно веруваат на муабет.

5. Многумина сакаат брзи и лесни пари и не мислат на изворот, начинот, ефектот.

6. Систем за заштита од разни онлајн измами нема.

7. Социјален доказ (види и тој прави така) како механизам и тоа како фунционира да продадеш идеја/продукт.

8. Фокусот е на глупости, наместо на создавање вредност (се кладам дека многумина ова го правеле и на работно место).

9. Фали едукација по низа основи.

10. Пак ќе се јави слична шема и пак ќе биде слично.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде