Веќе извесен период не се субвенционира цената на струјата за домаќинства, а тоа може да се забележи и на сметките што корисниците ги добиваат.
Таму веќе го нема примерот, што претходно стоеше а кој наведуваше колку од износот за електрична енергија го покрива државата преку субвенционирање.
Дел од граѓаните неделава добија повисоки сметки за струја, а некои од нив почнаа и јавно да се жалат на социјалните мрежи.
Дека септемвриската сметка за струја е сериозно зголемена потврдува и читател на 24инфо.мк
Како што тој објаснува летово вообичаено плаќал по 1.800 денари, а последниот месец сметката изнесувала над 2.600 денари, што е за речиси 50% повеќе.
За укинувањето на субвенциите реагираше и политичката партија Левица.
„Владата со нов удар по џебот на граѓаните – ставката „субвенции“ на сметката за електрична енергија магично исчезна, пред почетокот на грејната сезона. Најпогодени од ваквата политика се граѓаните со најниски примања. По уште еден параметар, актуелната Влада, и покрај формирањето на ново Министерство за енергетика, успева да биде полоша, дури и од претходната! Левица апелира да продолжи субвенционирањето на електричната енергија, чиј прекин ќе ги погоди најсиромашните и, веројатно, ќе доведе до нов бран на инфлација“ се наведува во соопштението од Левица.
Пристигнаа новите сметки за струја без субвенции од владата многу повисоки,ке биде интересна зимава кога ке има кукање лелекање плачење удирање од земја заради дуплирани сметки!Ама заветна ке ја запеат и оп платени сметките!Само ебење у мозок за овој народ и камшик!
— Тошо (@cvrenkofski15) October 1, 2024
Добро бе сите ли крадете струја па никој не се буни дека Владата ги укина субвенциите?
— Lex Sander (@alebajk) October 4, 2024