ВОНРЕДНО Пукање во Скопје, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во скопската општина Чаир откако во него било пукано од возило „пасат“.

Повредениот е однесен во Градската општа болнуца „Наум Охридски“.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот е пријавен во сабота вечер.

На 05.10.2024 во 20:20 часот пријавено е дека на улицата „Цветан Димов“ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот е пукано од возило „пасат“, се вели во информацијата од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде