Тепачка меѓу две групи од Кочани и од Штип се случила утрово околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип.
Осумтемина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во штипската болница. Петмина од повредените побарале помош веднаш по пресметката, а тројца утрово.
Од болницата информираат дека се прегледани на одделенијата за ортопедија и хирургија, констатирани се полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Од штипската полиција потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментот се води како тепачка.
Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица за да се расчисти овој случај.
За физичката пресметка меѓу двете групи од Кочани и од Штип денеска сведочат и трагите од крв, а на полицијата и се познати учесниците во овој инцидент.