Шок и неверување: Имаше само 34 години, ненадејно почина познатиот пејач

Австралискиот кантавтор Џек Колвел починал на 34-годишна возраст, непосредно пред објавувањето на неговиот долгоочекуван втор албум.

Оваа трагична вест ја потврдиле и за магазинот „The Guardian“, но причината за смртта се уште не е соопштена.

Во времето на неговата смрт тој го завршуваше својот нов албум и дали тој албум некогаш ќе ја види светлината на денот нема да го промени фактот дека Џек остави огромен културен белег во австралиското општество.

Тој беше познат и по својот оптимистички дух каде како независен уметник се бореше со многу предизвици со кои се соочуваат неговите врсници и луѓе кои заработуваат на сличен начин.

Иако има издадено само еден албум во својот живот, Swandream од 2020 година, Џек играл значајна улога зад сцената на австралиската музичка сцена со години, работејќи на различни проекти, вклучително и аранжман на вокали за инди поп групата Architecture во Хелсинки.

Неговиот деби албум имал голем успех, а NME го прогласил за еден од најдобрите австралиски албуми на годината.

Во 2016 година, тој ја објави песната „No Mercy“ во чест на тинејџерот од Бризбејн, Тајрон Унсфорт, кој изврши самоубиство откако бил малтретиран поради неговата сексуална ориентација. Зборувајќи за The Queer AV, Џек ја истакнал својата нетолеранција кон насилството и ја пофалил моќта на неговата музика да се спротивстави на хомофобијата.

– За мене песната ‘No Mercy’ го поврзува моето искуство на хомофобија од детството со личноста што сум денес, како отворен геј. Тоа е враќање на сопствениот идентитет и отфрлање на хомофобичен јазик. Песната е огледало на насилниците, предизвикувајќи ги со свои зборови и вртејќи го центарот на вниманието врз нив и нивните срамни постапки. Немам толеранција за насилство – рекол тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде