Трагедија: Маж загина во тешка несреќа, превидена неговата невенчана сопруга

Шеесет и седумгодишен маж загина откако паднал од дрво додека собирал костени.

„Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.

Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата“, информираат од МВР.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде