Тажна вест: Почина легендарниот фудбалер на Барселона

Легендарниот холандски фудбалер и еден од најдобрите играчи во минатиот век, Јохан Нескенс почина на 74-годишна возраст, а информацијата ја потврди фудбалскиот сојуз на Холандија.

Нескенс беше познат како еден од најдобрите играчи на средниот ред во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, особено прочуен по своите прецизни изведби на пенали.

Тој настапи на два финални натпревари на Светските првенства (1974 и 1978 година), а во првиот од нив, во 1974 година, постигна гол со кој Холанѓаните поведоа со 1-0 против Западна Германија, но на крајот загубија со 1-2.

Со Барселона освои 14 трофеи, вклучувајќи го и Кралскиот куп и Купот на победниците на куповите, а двапати беше и шампион на САД како член на Њујорк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде