Земјотрес ја стресе Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина од 2,2 степени според Рихтер.

Епицентарот е 3 километри северозападно од Центар Жупа.

Земјотресот е на длабочина од 15 километри.

Да потсетиме, земјотрес попладнево ја стресе и Србија.

Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.

Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.

„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.

Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде