Четири млади лица загинаа во страшна несреќа во местото Добриње, кога возило излета во река во Босна и Херцеговина.
Полицијата е на терен, а местото каде луѓето паднале во реката е опколено со полиција, пишува Аваз.
Жителите на ова гратче се во шок по страшната несреќа.
Едно лице од ова возило успеало да се спаси, а се претпоставува дека испаднало од него пред да падне во реката.
Од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон за Klix.ba потврдија дека патничко моторно возило Мерцедес учествувало во сообраќајна незгода и било извлечено од водата.
Возилото го управувал П.А.. Покрај возачот загинале и сопатниците со иницијали Д.Б., К.А. и С.С..
Foto: Avaz.ba