Тешка сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Вчера во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар,

товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар.

„Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт“, соопшти полицијата.

На местот бил извршен увид од страна на јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде