На мостот „Гоце Делчев“ во Скопје вечерва се случила тешка сообраќајна незгода.
„На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило „БМВ” со скопски регистарски таблички.
Возилото „Шкода” се превртело и се запалило.
Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, соопшти МВР.
„Сообраќајот беше пренасочен на кратко, а сега се одвива во една коловозна лента,“ додадоа од МВР.