По сведочењето на началникот Дејан Димовски од СВР Скопје, за тоа како течела потрагата за Вања Ѓорчевска, прашања му поставуваше и обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.
Тој го праша сведокот дали останатите обвинети кажале кога била копана дупката за Вања? Началникот посочи дека знае дека еднаш кажале дека е истиот ден кога била исчезната и убиена.
-Еднаш кажаа дека е копана дупката на 27 ноември, односно на лице место кога отишле со девојчето, рече началникот.
Палчо го праша и дали го видел неговиот лик на камерите, на што сведокот одговори потврдно.
-Да, се гледа на камерите од Сејф сити, рече началникот, но на дополнителното прашање дали го видел во возило заедно со останатите обвинети,
сведокот рече дека на камерите се гледаат само возачот и совозачот, и не се сеќава дали така го видел Палевски.