Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови.
Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува.
На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа.
Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ.
Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата.