Сведочење: Нашата прва верзија беше таа доброволно влегла во автомобил

Во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, денеска исказ дава началникот Дејан Димовски.

„Нашата прва верзија беше таа доброволно влегла во автомобил, бидејќи на 10 метри од влезот се гледа како двајца вработени во комунална хигиена ја метат улицата.

Ако била грабната, односно киднапирана, нашата верзија беше дека таа ќе викала и ќе барала помош и така двајцата вработени ќе се свртеа.

Тоа не се случи тие продолжуваат да метат. За време на истрагата не се појави барање за откуп“, рече Димовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде