Таткото на убиената Вања кој седи на обвинителната клупа испратил порака во вибер група со родителите, кажете само колку пари треба?
Ова денеска во судницата го откри полицискиот началник Дејан Димовски кој бил вклучен во потрагата по 14 годишното девојче. Пораката, ја виделе малкумина родители, Александар експресно ја избришал.
„Пратил порака во вибер група на родители, ја згрешил групата, па ја избришал. Но дел од родителите ја виделе.
Пишувало: ,,Кажете само колку пари треба?, го проверивме разговорот, имаше избришана порака но не можење да се пристапи до содржината“, сведочеше Дејан Димовски, Началник на Единциа за насилен криминал во СВР Скопје.
При пребарување на снимки од камерите, на денот на исчезнувањето на Вања, нејзиниот татко со кола бил виден како се движи кон Качанички пат, кој всушност води кон местото на убиството. Камерите го детектирале по неполни два часа од исчезнувањето на девојчето.
::Кога го прашавме зошто возел по тој пат ни рече дека од филмови што гледал, најчесто грабнатите ги носат преку граница, па затоа тргнал. Но кога му реков па што не отиде до граница, рече дека било многу гужва и се вратил, сведочеше началникот.
Извор: Сител
Повеќе ТУКА