За денеска најавени врнежи од дожд – ова се деталите

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде