Четири лица загинаа, а 12 се повредени во голем судар во кој учествувале 22 возила недалеку од полскиот град Гдањск, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила синоќа околу 23:15 часот по локално време на излезот од автопатот С7 кај селото Борково, јави полската ТВН24.
Местото каде што се случи несреќата е дел од јужната обиколница на Гдањск и таму веќе некое време има градилиште.
По инцидентот е приведен 37-годишен камионџија, кој наводно удрил во автомобилот пред него, соопшти полицијата, додавајќи дека алкотестот покажал дека мажот не бил под дејство на алкохол.
Во несреќата учествувале вкупно три камиони, а се уште се утврдуваат точните околности под кои се случила.
Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и неколку деца. Идентитетот на загинатите не е соопштен. Медиумите јавуваат дека по судирот се запалиле неколку автомобили, а некои целосно изгореле. Според ТВН24, некои смртни случаи најверојатно се последица на пожарот.
Det inträffade ikväll en stor olycka vid avfarten från S7 till S6 mot Gdynia, Polen, med ett 20-tal inblandade fordon, inklusive lastbilar. Två bilar fattade eld.
— Carla Filt 🇸🇪🇵🇱🇺🇦🇪🇺🌍 (@HALLONSA) October 19, 2024
Minst 4 dog på plats, åtta skadade varav två personer återupplivades.
Lär vara en av landets större trafikolyckor. pic.twitter.com/VEE4rMbEuc