Самка Ибраимовски, претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) информираше дека била фрлена експлозивна направа во нивниот партиски клуб што се наоѓа во Тетово.
Денеска во клубот на ПЦЕР на ул. Иво Лола Рибар бр. 152 во Тетово фрлена е експлозивна направа.
Сите прозори се искршени, а причинета е значителна штета, соопшти Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија – ПЦЕР.
„Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава.
Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, вели Ибраимовски.