УХМР утрово со најнова прогноза: Еве какво време не очекува следните денови

Денеска времето во земјава ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По одделени котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура се движи во интервал од минус три до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 24 степени. 

Во Скопје се очекува слично време, наутро студено, а преку денот сончево и претежно тивко. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до четири, а максималната дневна ќе изнесува 21 Целзиусов степен. 

Во наредните денови од оваа недела, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време, со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштат до неколку степени под нулата.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде