УДАРНА ВЕСТ: Силјановска Давкова помилуваше поранешен функционер од власта на ДПМНЕ

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талески, дознава ТВ21. 

Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и требаше да одлежи уште една година.

Во 2022 година Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.

Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.

Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на 5 години и шест месеци затвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде