Вчера во 16.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон село Горно Којнаре, кумановско, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки,
управувано од 21-годишната С.П. од село Горно Којнаре, удрило во 77-годишната С.Ѓ. од село Матејче, липковско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.
Со телесни повреди се здобила С.П.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.