Синоптичарите утрово со најнова прогноза: Еве какво време не очекува следните денови

Наутро ќе биде ведно, но студено со појава на магла по одредени котлини.

Преку денот ќе биде сончево со мала облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени“,велат од УХМР.

Во Скопје утрото ќе биде студено, а прееку денот сончево со мала облачност.

„Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени“,информираат синоптичарите.

Наредните денови времето ќе биде стабилно со студени утра и со појава на утринска магла. Дневните температури ќе биде без значителни промени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде