Вчера почина Насер Мецоновиќ, основач и тренер на Кикбокс клубот „Наско тим“.
„Нашиот колега, тренер, пријател, спортист, кикбоксер и хуман човек, Насер Мецоновиќ – КБК Наско тим,
кој младите ги оттргнуваше од лошите навики и ги насочуваше кон спортот, секогаш се трудеше сите да ги води по вистинскиот пат.
Денес не напушти. Бог да го прости, нека му е лесна земја и нека најде мир таму,“ напиша претседателот на Кикбокс маи таи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко, на Фејсбук.