Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил автомобил во Неготино, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Во ОВР – Неготино вчера било пријавено дека на улица Гоце Делчев, патничко возило „тојота“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Ќ., на возраст од 68 години од Неготино, удрило во 77-годишната Л.М. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во болницата во Велес – појаснуваат оттаму.
По овластување на јавен обвинител од Кавадарци, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.