Метео анализа на Славчо Попоски:
Најновото ажурирање на Европскиот модел (ECMWF) укажува на тоа дека во првата декада од месец ноември, најголем дел од Европскиот Континент,
како и целиот Балкан буквално ќе бидат заледени поради продорот на многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас од Арктикот.
Во ваква ситуација, на многу места и градови се очекува и првото провејување на снег за оваа сезона (зборуваме особено за пониските места, односно за градовите).
Овој многу ладен воздух со потекло од Арктикот, ќе ни го донесе и првиот сериозен мраз за оваа сезона, со што очекуваме температури дури и до -10 степени, локално може тие да бидат и пониски, особено на високите планински места.