Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала имаше вечерва во Адана, Турција.
Според информациите на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), земјотресот се случил во 20 часот и 7 минути, со епицентар во областа Козан, Адан, на длабочина од 20,13 километри.
Некои граѓани излегоа на улиците по земјотресот, кој се почувствува во Османија, Газиантеп и Кајсери, како и во Адана, но нема информации за евентуална штета, јавуваат турските медиуми.
Претходно, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на брегот на Ајваџик во Чанаккале.