Тажна вест: Почина познат македонски музичар

Почина познатиот штипски музичар Баже Панев – Аре, член на групата Arre Brothers Band, објави локалната телевизија Стар.

На 52 годишна возраст почина штипјанецот Баже Панев, еден од тројцата браќа од познатиот “Arre Brothers” бенд.

Тој почина во Јоханесбург, Јужна Африка, каде што околу 2 децении живееше со своето семејство.

Популарниот бенд од тројцата браќа “Аревци” беше познат не само во Штип и Македонија, туку имаа настапи и низ целиот свет се додека најмалиот брат Баже Панев не се пресели во Јоханесбург, Јужна Африка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде