Четири возачи на мотоцикл, од кои двајца малолетни, се здобија со тешки телесни повреди учествувајќи во сообраќајни несреќи.
Прво, во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник.
По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
Во 14.16 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(33) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај с.Колари, С.В.(35) од с.Мало Турчане, гостиварско управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Во 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„500“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(60) од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.