Четири дена нема траг од скопјанецот Богољуб Митов (63), кој на 27-ми октомври излегол од својот дом од населбата Ченто и од тогаш никој не го видел.
Неговата ќерка Александра за „Фокус“ вели дека насекаде го бараат, полицијата исто така била вклучена во потрагата, но засега без успех.
– Ние семејно се организиравме, пребаруваме на места на кои мислиме дека можеби би го нашле, и веќе четири дена трае оваа неизвесност. Имавме некои дојави, дека наводно бил забележан на една или друга локација, но се испостави дека нема ништо од тоа, можеби луѓето се препознале, раскажува ќерката.
Појаснува дека татко и се борел со депресија, а имал и деменција. И во минатото излегол од дома без да каже каде ќе оди, но за кратко време бил пронајден во близина.
Семејството на Богољуб апелира до јавноста, доколку некој го забележи, да го задржи и веднаш да повика полиција.
– Тој е контактибилен, разговара, да не се плашат луѓето ако го сретнат, веднаш да ми се јават мене на мобилниот 078 865 670, или пак да се јават во полиција. Кога замина од дома, татко ми беше облечен во црни тренерки и сив џемпер, не носи чевли, туку влечки. Ја замолуваме јавноста за помош, порача ќерката.
Извор: ФОКУС