Во меѓувреме, тој се засили на тајфун од трета категорија. Невремето се наоѓаше на исток од северните делови на Филипините и направи пресврт кон северозапад, така што сега се движи директно кон Тајван.
Тајфунот се движи меѓу островот Лузон и Тајван и до утре ќе стигне до Тајван. Југоисточниот и источниот брег на Тајван ќе бидат директно погодени од тајфунот.
Се очекуваат ветрови со брзина од 200 км/ч, со бранови високи 20 метри.
Покрај ураганските ветрови, тајфунот ќе донесе и огромни количества врнежи.
Се очекува да наврнат над 500 литри дожд на метар квадратен, локално на планините свртени кон исток и до 800 литри поради орографијата каде ќе има опасност од разорни поплави и порои.
Евакуацијата на загрозените лица е веќе во тек, а се очекува и евакуација на уште стотици илјади луѓе.
Невремето ќе трае најмалку 24 часа и целиот систем ќе се движи над овој остров, слабеејќи поради земјиштето, но сепак ќе биде многу опасна бура.
Главниот град Тајпеј исто така ќе биде погоден од тајфунот, со урагански ветрови со брзина од 140 км/ч, каде се очекуваат обилни врнежи, заедно со ризик од поплави и порои.
По Тајван, тајфунот ќе ја премине и источна Кина, но јужно од Шангај ќе направи пресврт кон североисток и ќе се движи кон јужна Јапонија како тропска бура.