Својата разделба од „Македонијатурист“ поранешната директорка Соња Бибановска ја уновчи со 9,2 милиони евра откако ги продаде своите 11 отсто во најголемата македонска хотелиерска компанија, пишува Фактор.мк.
Соња Бибановска, сега веќе поранешна акционерка во хотелската компанија „Македонијатурист“ заработи 9,2 милиони евра за само еден ден.
Бибановска, поранешна директорка и член на Управниот одбор на „Македонијатурист“, сега пензионерка, од вчера не е ниту акционер во „Македонијатурист“.
Таа ги продаде сите нејзини акции со право на глас (вкупно 50.953 акции) по цена од 11.070 денари за акција и во еден ден инкасира 9,2 милиони евра од продажбата.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: ФАКТОР.мк