Почина познатиот новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, кој не успеа да ја победи тешката болест.
Како што откри неговиот пријател и колега, Стефан Лазаров, Зоки починал утрово во 6.40 часот, по долго и тешко боледување.
-За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.
Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам. Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка.
Многу ќе ми фалиш, напиша Лазаров.
Василевски неодамна на социјалните мрежи се огласи од инвалидска количка, кога откри дека не се предава и дека продолжува со борбата.
Тој потоа сподели и фотографија направена во неговиот дом, под кои сега бројни пријатели и колеги се збогуваат од него.