Тригодишно дете се бори за животот кога било застрелано во главата. Злосторството се случило во Маркопулос, град во јужна Атика, Грција.
Првите сознанија од истрагата укажуваат дека детето било случајно застрелано.
Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопулу.
Детето потоа итно било пренесено во болницата „Аглаја Киријаку“.
Според грчките медиуми, детето е во тешка состојба.
Според реконструкцијата, дошло до пукање меѓу патници од два автомобила, при што куршум испукан од огнено оружје го погодил детето во главата.