Утрово почина Зоран Василевски познат како Зоки Фаци.
Голем број пријатели денеска се простија од познатиот новинар, а една од нив е и Мелита Ракичевиќ, која сними и видео во кое истакна дека била последната што го видела жив.
Збогум, ќе те сакам додека сум жива, пишува Мелита на видот што го сподели на својот профил на Инстаграм.
„Плачев цела ноќ, и не сакав утрово да ги слушнам вестите што ме разбудија. Не ме разбудија, јас ни не спиев.
Цело време чувствував нешто силно и вчера попладнето решив да појдам до Зоки да го идам“, вели во своето обраќање Мелита“, одвај воздржувајќи се да не заплаче пред камерата.
Погребот на Зоки Фаци ќе биде во недела во 12:00 часот во црквата Св.Никола во Катланово, а во 13:00 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово, објави неговиот соработник и пријател Стефан Лазаров.
Зоран Василевски почина утринава по подолга битка со канцерот.
Имаше долга кариера пред ТВ екраните. Беше водител на многу популарни емисии меѓу кои и емисијата „Фаци“ по која се чини беше и најпрепознатлив. Во последните години соработуваше со Лазаров на неговиот поткаст.