Лоши вести од Нови Сад: Се зголемува бројот на загинати во несреќата откако се урна настрешницата на Железничката станица

Најмалку осум лица загинаа денеска во несреќата откако се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Од урнатините се извлечени осум тела, четворица се живи, на едно лице му се ампутирани нозете. Во контакт сме со две лица под урнатините“, изјави Дачиќ.

Дачиќ изјави дека спасувачите биле на местото на несреќата неколку минути по повикот.

„Во спасувањето учествуваат близу 80 спасувачи од повеќе градови. Акцијата е исклучително тешка“, рече тој.

„Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад и страшна трагедија. Во име на Владата и на сите граѓани на Србија, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите. И да им се заблагодарам на сите спасувачи кои се борат да им помогнат на луѓето под урнатините“, изјави српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Тој додаде дека ќе инсистира да се најдат одговорните и оние кои морале да ги предупредат надлежните дека одредени работи мора да се поправат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде