Најнова метео вест: Доаѓа голема промена на времето!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од денеска, па во текот на следната седмица, територијата на Балканот, како и на нашата Македонија ќе бидат под влијание на значително постудена воздушна маса од север и од североисток на Европа.

Во ваква ситуација кај нас температурите ќе опадната за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имавме досега.

Во регионот температурите ќе опаднат дури за околу, па  и за повеќе од 10 степени.

Особено студено ќе биде наутро, кога на многу места од Балканот, како и во Македонија ќе има појава на умерени, а во регионот до јаки мразеви, особено на планинските места.

Тоа значи дека температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па  и под -5 степени.

Се на се, пред нас е многу поладен, но сув период, токму поради ова ви препорачувам доколку излегувате наутро, задолжително со себе да си ја понесете топлата облека, поради тоа што и тоа како ќе ви биде потребна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде