Фејсбук пост на Лила Филиповска:
Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува,достоинствено.
Знам дека не сакаш патетики па затоа нема да бидам . Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет :
‘’Сјај во тревата’’
Иако ништо не може да го врати
Сјајот во тревата
И убавината на цвеќето,
Ние не ќе жалиме;
Ќе најдеме сила во она што преостанува
Во блажените мисли
Кои се шират низ човековото страдание
Во верата која гледа низ смртта…
Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден