Познатиот македонски естраден новинар Зоран Василевски познат како Зоки Фаци вчера беше погребан во Катланово.
На погребот покрај најблиските од семејството на Зоки беа и бројни познати личности и негови пријатели, а многумина се збогуваа од него и изразија сочувство до семејството преку социјалните мрежи.
Пријателот и колегата на Зоки, јутуберот Стефан Лазаров, со кого тие заедно го водеа поткастот „Без лимит“, вечерта се огласи на својот канал и со солзи зборуваше за неговото пријателство со Зоки.
Стеан се обиде да објасни што се случувало со Зоки во тие последни денови од неговиот живот, но зборуваше и за сите оние работи што заедно ги направиле во изминатиов период и заради кои неговиот починат пријател се чувствувал среќен барем на моменти.
„Едно седум дена пред да почине ми се јави и ми кажа дека сака да му купам магнолија, цвеќе, за во Катланово“, вели Стефан откривајќи која било последната желба на Зоки што ја побарал од него, па сега се надева дека внукот на Зоки овие цвеќиња ќе ги посади во вилата на Зоки.
Извор: Гламур.мк