Познатите личности од македонската естрада се простуваат од новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, кој почина во петокот.
Тој ја изгуби битката по долга борба со ракот, а веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател и водител Стефан Лазаров.
Меѓу нив беше и Лила Филиповска, која своевремено беше голема пријателка со Зоки, а во последниот период не биле во добри односи.
Кратко по нејзината порака се огласија Стефан Лазаров и Боки 13.
Трпеливоста била одлика на зрел човек. Божее. Не одлика на зрел човек е да се јавиш на болниот пријател и да бидеш тука до него додека е жив (не се јави ниеднаш и беше блокната до крај). Ај ве молам, па по лицемерно нешто никад немам видено. На крај и фала ќе треба да и кажеме. Мрш.
А знаете зошто му се налути? Само затоа што почна поткаст со мене. Нејзиниот одговор беше на тоа дериште ли ќе мѕ дигаме гледаност, а замислете Зоки и го спаси живото. Денес во Фаца ти кажаа неговите блиски што заслужуваш. Џабе ти е се.
Зошто сум гневен? 2 дена пред да почине Зоки коментираше како е возможно да не ми се јавиш, се прашуваше што толку ти згреши. Епа боли сестро кога немаш одговор а го гледаш дека му е мака. Бог нека те прости.
Боки 13 кој меѓу другото на стори на Инстаграм со видео порака кажа:
-Ужасно сум згрозен од нејзиниот маркетинг маневар да се појави на погребот за Зоки ќе го ставам во категорија на бизар и лешинарство. Јас ќе кажам едно огромно фуј.