Вчера во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од 74-годишниот П.Ј. од село Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 73-годишната Д.Ј. од село Идризово,
додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.