ВИДЕО Масовна тепачка на концерт на Јелена Розга – има повредени

Јелена Розга на 3 ноември одржа концерт во сараевската сала „Зетра“ каде дошло до физичка пресметка меѓу неколку лица.

Инцидентот се случил во партерот, а во пресметката учествувале лица кои имале „staff“ пропусници, односно биле членови на организацијата, јавува Црна хроника.

Полицијата, пишува споменатиот медиум, брзо реагирала, а била присутна и брзата помош која веднаш му пружила помош на повредениот млад човек кој потоа бил пренесен во болница.

Детали за мотивите на конфликтот и состојбата на повредениот млад човек ќе бидат познати по завршување на полициската истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде