Последна вест од САД: Трамп е пред победа, еве ги најновите резултати

Американците избираа претседател по 60-ти пат во историјата, нов состав на Конгресот и третина од Сенатот.

Резултатите главно се во согласност со очекувањата.

Врз основа на тековните проекции на Си Ен-Ен, поранешниот претседател Доналд Трамп има 246 електорски гласови, додека потпретседателката Камала Харис има 187 електорски гласови.

Си-Ен-Ен проектира дека Трамп ќе ги освои клучните колебливи држави Северна Каролина и Џорџија.

Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.

Со оглед на резултатите, во штабот на Трамп владее еуфорија и тој го најави обраќањето.

Седиштето на Камала Харис во Вашингтон е тивко, објави репортер на Си-ен-ен, луѓето си заминуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде